Грузијката Ахалкаци е новата директорка на Светска банка за ЕУ

светска банка
Светска банка / Фото: МИА

Ана Ахалкаци е нова директорка на Светска банка за Европската Унија со канцеларија во Брисел. Ахалкаци ќе го води дијалогот на Банката со земјите членки на Европската Унија, кои се нејзини клиенти, и со институциите на ЕУ.

– Таа ќе биде задолжена за оперативна и советодавна работа со владите, засегнатите страни и партнерите со цел да се постигне напредок во остварувањето на нивните развојни цели, а сето тоа во тесна соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и Агенцијата за мултилатерално инвестициско осигурување (МИГА) – информира Пословни дневник.

Ахалкаци се префрла од позицијата директор на Светска банка за Романија и Унгарија во потпретседателството на Светска банка за Европа и Централна Азија. Таа е грузиска државјанка која започнала да работи во Светска банка во 1999 година како економист во Одделот за намалување на сиромаштијата и економско управување во Канцеларијата на Светска банка во Тбилиси.

Оттогаш, таа беше на различни позиции, како што се шеф на Канцеларијата на ИФЦ во Грузија, координатор на советодавни услуги во Одделот на ИФЦ за секторите производство, земјоделство и услуги, раководител на Програмата за советодавни решенија на ИФЦ и директор на Светска банка за Молдавија.

Пред да се приклучи на Светската банка, Ахалкаци работеше во Министерството за труд и социјала и грузискиот парламент, како и во приватни консултантски фирми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот