Група дронови го нарушила воздушниот простор на Романија летајќи кон цели во Украина

Генералниот инспекторат за вонредни ситуации на Романија (IGSU) денеска соопшти дека група беспилотни летала била забележана во романскиот воздушен простор како се движи кон цели во Украина. Предупредувачка порака RO-ALERT е испратена до жителите на квартот Тулче, каде околу два часа по полноќ била забележана група беспилотни летала, пренесува Agerpres.

„Подрачјата кои Русија има намера да ги нападне се наоѓаат на територијата на Украина, но на кратко растојание од границата со Романија, така што постои можност одредени предмети, по одговорот на украинската армија на нападот, да паднат врз Романска територија уште еднаш ги информираме луѓето во северниот округ Тулче, но и туристите, дека цели или области на територијата на Романија не биле мета“, соопшти ИГСУ.

Романските власти го повикаа   населението  на смиреност, апелирајќи во случај да почнат да паѓаат предмети од воздушниот простор, локалното население да се заштити и да одат во засолништа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот