Груби ќе предава на Факултет по новинарство, нема да зема апанажа како Маричиќ, Шаќири и Бајрами

Фото: mia.mk

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, како што објави Слободен печат, ќе се врати на старото работно место на Универзитетот каде што претходно работел и ќе предава на Тетовскиот универзитет на Факултетот за новинарство. Тој нема да бара апанажа, за разлика од Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами за кои Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска, во рамки на третата седница, со 10 гласови „за“ и еден „против“ ги поддржа нивните барања да земаат апанажа.

На Клиниката за дигестивна хирургија се враќа и Бујар Османи, а неговите сопартијци Фатмир Бесими и Крешник Бектеши се уште не одлучиле дали ќе побараат апанажа.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајковски, пред да ја затвори седницата, соопшти дека ги потпишал решенијата за плата на пратениците на кои Собранието им го верификуваше мандатот.

Собраниската комисија ги поддржа барањата на Маричиќ, Шаќири и Бајрами да добиваат апанажа

Колку функционери од претходната влада една година ќе примаат по околу 2.000 евра месечно ќе се знае до 23 овој месец, кога истекува рокот да поднесат барање за апанажа. Досега Комисијата одобри апанажа за 36 поранешни пратеници.

Од 20 министри, колку што броеше кабинетот на Ковачевски, нема многу поранешни министри да бидат на апанажа зашто повеќето ексфункционери од СДСМ се пратеници, вклучително и експремиерот. Освен Ковачевски, пратеници се речиси сите поранешни министри од СДСМ, и тоа Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Јованка Тренчевска, Љупчо Николовски, Фатмир Битиќи, Славјанка Петровска и ексдиректорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Османи ќе оперира, Груби ќе предава, а Маричиќ и Шаќири – на апанажа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот