Гром усмрти девојче на плажа во Грција

Тринаесет годишно девојче загина по удар од гром на плажата Посиди на Халкидики.

Таткото на детето за грчките медиуми раскажа дека молњата утрила додека со нејзината мајка си играле во песокот.

13-годишното девојче починало веднаш, пренесува грчи „Прототема“.

Таткото раскажа дека додека се бањале во водата почнало да врне по што веднаш излегле од морето. Додека биле на плажа, пред нив удрил гром, а сопругата и ќерката паднале на песокот.

Во инцидентот тој се здобил со полесни повреди, а мајката на девојчето е во добра здравствена состојба, но и понатаму е во шок.

Трагичниот настан се случил денеска околу 16 часот и 30 минути.

Спасувачките екипи вложиле големи напори, продолжиле со интубација, но не успеале да го вратат девојчето во живот.

Забележано е дека на подрачјето на Халкидики денеска времето било влошено со обилни дождови.

Полициската управа на првиот крак Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот