Гризман изненади со изборот на тимот за Фудбал менаџер

Една од најпознатите спортски компјутерски игри без сомнение е Фудбал менаџер, кој ги залуде и голем дел од самите фудбалски ѕвезди. Последен од нив кој се пофали дека обожува да ја игра оваа популарна компјутерска игра е новата ѕвезда на Барселона, Антоан Гризман. Французинот обожува да игра со екипата на Арсенал и се чини дека ја прифатил стратегијата на „топчиите“, да се форсираат младите фудбалери.

Гризман на социјалните мрежи се пофали дека составил исклучително силен тим за сезоната 2023/24, а негова омилена формација му е 4-2-3-1.
Во одбраната, главната улога ја имаат Рафаел Варан и Матијс де Лихт, а пред почетокот на сезоната го купил и бекот на Ливерпул, Ендрју Робертсон. Во 2023 година, Робертсон има 29 години, Варан 30 години, додека Де Лихт има 24 години.

Во средниот ред  ги има младите и перспективни Жедсон Фернандеш од Бенфика и неговиот соиграч од Барселона, Френки де Јонг.
Ованзивниот дел од средниот ред го сочинуваат Жоао Феликс кој во 2023 година има 24 години, на левата крилна позиција игра Џејдон Санчо, а останатите двајца фудбалери од првиот тим се измислени млади играчи Регени и Невгени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот