Гринпис тврди дека е непознато потеклото на доматите од кои се прави кечап

Фото: Тhe brilliant kitchen

Во меѓународната организација за заштита на животната средина Гринпис тврдат дека не е познато потеклото на доматите кои се користат за производство на големо количество кечап. Но, како што наведоа, главно доматите од југот на Европа се погодени од недостиг на вода.

Откриле дека потеклото на доматите за 70 отсто од кечапот на пазарот е непознато. Тие сметаат дека е особено проблематично што кечапот често се произведува од домати кои се одгледуваат на суви области.

Овој проблем е уште поголем поради глобалното затоплување и затоа што одгледувањето домати бара многу вода.

Тоа значи дека, како што истакнуваат од Гринпис, за еден килограм кечап се потребни домати за чие одгледување е потребно да се потрошат дури 500 литри вода. Светскиот просек е 214 литри. Со оглед на тоа колку вода е потребна за одгледување домати, ова одгледување е многу проблематично прашање. Покрај тоа, постојат многу кечапи произведени од домати кои се одгледуваат во Кина.

Поради сето горенаведено, Гринпис смета дека е неопходно производителите на кечап да го нагласат потеклото на доматите на пакувањето. Тие изјавија дека големите производители, вклучувајќи ги Феликс и Хајнц, не сакале да ги истакнат тие информации. Само десет проценти од производите го имаат истакнато потеклото на доматот. Во Гринпис забележале и дека кечапот содржи и голема количина шеќер, пишува австрискиот весник Heute.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот