Грците крајно загрижени за ситуацијата на Блискиот Исток, го свикаа владиниот совет за национална безбедност

На состанокот беше направена процена на последните случувања на Блискиот Исток по нападите на Иран против Израел и на безбедносната ситуација, а се разговараше за планот за евакуација на Грците од Либан, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис за вонредниот состанокот на владиниот совет за национална безбедност, што го свика премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Маринакис во соопштението посочи дека „Грција на најсилен можен начин ги осудува нападите на Иран против Израел“ и додаде дека тоа е „сериозна ескалација која ја загрозува регионалната стабилност и безбедност“.

Грција го поддржува народот на Израел и неговото право да живее во безбедност и го повторува повикот за итна деескалација. Грчките власти остануваат будни на сите нивоа, ги интензивираат проверките и соработката за размена на информации, соопшти портпаролот на грчката Влада.

Во вчерашниот терористички напад во областа Јафа во Тел Авив, како што соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, меѓу жртвите е и еден грчки државјанин, жител на Ерусалим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот