Грција: Неприфатливо е да ни се заканува Турција, членка на НАТО

Фото: Profimedia

Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендијас, денеска оцени дека е неприфатливо турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да се заканува дека со балистички ракети ќе ја нападне Атина.

„Заканата од ракетен напад врз Грција од членка на НАТО е неприфатлива“, изјави Дендијас во Брисел, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија.

„Пристапот на Северна Кореја не смее да влезе во НАТО”, изјави Дендијас, пренесен од американските медиуми.

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека неодамнешното тестирање на турска балистичка ракета ја преплаши Атина. Тој изјави дека Анкара нема да седи со скрстени раце доколку Грција продолжи да ги милитаризира своите острови во Егејското Море.

„Сега почнавме да ги правиме нашите ракети и ова производство ги исплаши Грците. Ќе кажете „Тајфун”, а тие се преплашени, велат дека може да ја погоди Атина. Да, секако дека може. Ако не останете мирни, ако се обидете да поставите оружјето на островите, што го добивте од САД, и тие ќе го направат тоа, предупреди Ердоган“, пренесува агенцијата Анадолија.

Ердоган ја предупреди Грција: Нашите ракети можат да ја погодат Атина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот