Грција: Шумски пожар во Коринт, две лица загинаа

Пожар во Грција
Пожарникари / Фото: илустрација / EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Пожар во областа Коринт, на југот на Грција, поради силниот ветер неконтролирано се шири, а две безживотни тела се пронајдени неколку часа откако две лица беа пријавени за исчезнати, соопшти денеска грчката противпожарна служба.

Станува збор за двајца мажи кои тргнале со мотори за да му помогнат на својот познаник, пренесува Катимерини.

Жителите на неколку зафатени села од пожарот добија наредба да се евакуираат, а пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот, пишува порталот.

Во меѓувреме борбата со пожарот ја отежнува силниот ветер.

Ангажирани се околу 350 пожарникари, 110 возила, 5 авиони и 4 хеликоптери, јавува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот