Грчките автомобили се најстари во ЕУ

автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Грција ја има најстарата флота на патнички автомобили во Европската унија, со просечна старост од 17 години, кога просекот во ЕУ е 12 години, покажуваат податоците објавени од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) до 2021 година, објави електронскиот весник Катимерини.

Естонија има втор најстар возен парк на патнички автомобили (16,8 години), а потоа следи Чешка (15,6).

За жал, според податоците на ACEA, слична е ситуацијата и во категоријата автобуси и камиони. Грција, иако туристичка земја, го има вториот најстар автобуски возен парк (19 години), кога просечната старост на автобусите во ЕУ е 12,7 години. Земјата со најстар возен парк е во Романија (20,2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот