Граѓаните должат повеќе од фирмите

Фото: Драган Митрески

На листата има 1.652 должници – правни лица (помалку за 12 од претходната листа) и 3.209 физички лица (помалку за 21 од претходната листа)

Доспеаните долгови на компаниите и на граѓаните до крајот на јули, а неплатени до крајот на октомври, според најновата листа на Управата за јавни приходи изнесуваат над 7,8 милијарди денари и во однос на претходната објава се намалиле за 250 милиони денари.

-На листата има 1.652 должници – правни лица (помалку за 12 од претходната листа) и 3.209 физички лица (помалку за 21 од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.683.872.776 денари, помалку за 276.319.143 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 206.009.437 денари (повеќе за 25,915,342 денари од претходната листа) – прецизно соопштија од УЈП.

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот