Граѓаните да внимаваат, се појави лажна дневна карта за паркирање со логото на ПОЦ

Фото: Паркинзи на Општина Центар

Од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска ги предупредија граѓаните кои ги користат нивните услуги да внимаваат затоа што се појавил лажен дневен билет за паркирање.

Денес пријавена е поставена лажна дневна паркинг  карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства – информираа од јавното претпријатие.

Лажна дневна паркинг карта: Фото/ ЈП ПОЦ

Оттаму ги замолуваат граѓаните доколку забележат билет од овој тип веднаш да  ги известат и потсетуваат дека единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk .

Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните – велат од ПОЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот