Граѓаните да овозможат пристап до топлинските потстаници во зградите, порачуваат од ЕСМ

Топлификација Скопје / EPA/GEORGI LICOVSKI

Соработката со потрошувачите е од суштинско значење за навремено и квалитетно снабдување со топлинска енергија, велат од од АД ЕСМ, па во пресрет на новата грејна сезона ги повикуваат граѓаните да ги завршат сите потребни проверки и поправки на внатрешните грејни инсталации пред 15 октомври, потсетувајќи ги дека редовното одржување на внатрешните грејни инсталации е нивна обврска.

Затоа е препорачливо навремено да се извршат проверки и да се завршат започнатите интервенции во најкус можен рок, и тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи. На тој начин придонесуваат испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено. Исто така, важно е заедниците на сопственици да овозможат пристап на службените лица до топлинските потстаници во објектите и да обезбедат непречено електрично напојување во топлинската станица (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација) – соопштуваат од компанијата.

Оттаму посочуваат дека за информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот