Градоначалникот на Њујорк обвинет по федерална истрага за корупција

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс е обвинет по федерална истрага за корупција, со што стана првиот градоначалник во историјата на Њујорк кој е обвинет додека бил на функција.

Обвинението за Адамс останува запечатено и не е јасно со какви обвиненија се соочува тој, јави вчера Њујорк тајмс, цитирајќи извори запознаени со случајот.

Адамс треба да оди на суд на 26 септември, каде што ќе му биде прочитано обвинението и ќе се знае обемот на обвиненијата. Во изјава за Њујорк пост, Адамс рече дека е невин и најави дека ќе се бори да ја докаже својата невиност.

– Отсекогаш знаев дека ќе бидам мета – ако застанам во одбрана на њујорчани – и тоа станав. Во случај да ме обвинат – ќе се борам против тоа со сета моја сила и дух затоа што сум невин – рече Адамс.

Тој додаде дека нема да се повлече од функцијата градоначалник дури и ако биде обвинет, и покрај повиците за негова оставка од други високи американски пратеници, вклучително и Александрија Окасио-Кортез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот