Градежник од Турција доби 865 години затвор за зграда што се урна во земјотрес

BBC/printscreen

Турскиот суд во петокот осуди изведувач – градежник на 62 доживотни затворски казни за невнимание при изградбата на зградата што се урна во разорниот земјотрес што лани ја погоди југоисточна Турција.

Изведувачот Хасан Алпарѓун, кој веќе е во затвор, е осуден на 865 години за „предизвикување смрт и повреда со можна умисла“, објави државната новинска агенција Анадолу.

Уште 34-ца обвинети се осудени на по 25 години затвор, изјави Бешир Екинчи, адвокат на семејствата на жртвите, пренесува агенцијата. Тие се осудени за непочитување на стандардите за градба на опасен простор.

Вкупно 96 луѓе загинаа откако нивниот станбен блок, изграден од Алпарѓун, се урна во југоисточната провинција Адана во февруари минатата година.

Во два последователни потреси на 6 февруари 2023 година, загинаа повеќе од 60.000 луѓе во Турција и соседна Сирија.

Некои изведувачи оттогаш беа приведени, но опозициските партии ја повикуваат владата дека не ги повикала вклучените владини претставници на одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот