Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ од инает не гласаше за нови автобуси и повеќе пожарникари

Совет на град Скопје / Фото - Слободен печат / Методи Здравев

„ВМРО-ДПМНЕ денес повторно докажа дека навистина нема никаква намера да работи во корист на граѓаните на градот Скопје“, велат од Град Скопје.

„Денес, советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје само поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси, но и за зголемување на бројот на пожарникари во градот Скопје, неопходни за безбедноста и заштитата на скопјани“, пишува во реакцијата од Град Скопје.

Граѓаните на градот Скопје треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ лаже кога дава предизборни ветувања и континуирано нанесува штета на граѓаните, за лична и партиска корист“, додаваат од Градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот