Град Скопје субвенционира замена на азбестни покриви, повикот е објавен

Фото: работници/илустрација

Град Скопје го објави јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на граѓаните, жители на градот Скопје, за замена на азбестни покриви за 2024 година.

Повеќе информации за правото на учество, условите кои треба да се исполнат и висината на средствата кои градот ги субвенционира и доделува се достапни во објавената документација по јавниот повик за замена на азбестни покриви.

Апликациите за учество на јавниот повик може да се доставуваат до 31 октомври 2024 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот. Јавниот повик со условите за аплицирање, како и сите потребни документи кои треба да се достават се достапни на овој линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот