Град Скопје распиша оглас за субвенции за купување велосипед

велосипеди
Велосипеди, Фото: Архива

Град Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување велосипед, во максимален износ до 4.000 денари за лице, со вклучен данок на личен доход.

Од Градот информираат дека целта е стимулација на алтернативна форма на превоз, а со ова сакаат да се зголеми употребата на велосипедите.

Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) што ќе купат нов велосипед, од 1.1.2024 година, сè до исцрпување на буџетот за оваа намена, но не подоцна од 31.10.2024 година.

Пристигнатите барања ќе бидат евидентирани во архивата на Град Скопје со точното време на поднесување (датум, час и минута) и ќе бидат разгледувани според датумот и времето на пристигнувањето.

Апликациите за учество на јавниот повик може да се доставуваат до 31 октомври 2024 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот, велат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот