Град Скопје ќе дава субвенции на социјално загрозени семејства за замена на азбестни покриви

Фото: Архива на „Слободен печат“

Град Скопје годинава ќе им помага на социјално загрозените граѓани да ги заменат старите азбестни покриви на своите домови. Вчера советниците ја изгласаа одлуката за определување на максималниот износ на поединечната субвенција за оваа намена.

Според одлуката, семејствата од оваа категорија ќе можат да добијат средства од Градот во износ од 50 отсто од вредноста на инвестицијата, но не повеќе од 150 000 денари, со вклучен данок. За оваа намена во Буџетот за оваа година се обезбедени 15 милиони денари, што значи дека ќе можат да се доделат поединечни субвенции на стотина семејства.

Условите, начинот и постапката за доделување на поединечна субвенција ќе ги пропише градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, врз основа на кои субвенциите ќе се доделуваат по пат на јавен повик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот