Горивата поскапуваат од полноќ

Фото: Архива на „Слободен печат“

Од полноќ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а дизелот и екстралесното масло за домаќинство за 1,5 денар за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 89 ден/лит, а Еуросупер БС-98 за 91,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 93,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 90 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,128 ден/кг со што новата цена ќе биде 51,686 ден/кг.

Со најновата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот