Гордана Димитриеска-Кочоска: За пензиите ќе обезбедиме пари, но не од милијардата

До крајот на 2025 ќе нема друга корекција. Потоа ќе видиме со каква методологија ќе продолжиме, дали на истиов начин или ќе ја менуваме методологијата, изјави министерката за финансии

Пензионерите ќе ги добијат ветените пет илјади денари линеарно зголемување, но не од милијардата евра која е наменета за капитални проекти. Пари за пензиите ќе се обезбедат на друг начин, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во поткастот „Каде се парите?“

Веќе во септември сите пензионери ќе добијат по 2.500 денари, а потоа уште толку во март или можеби во првиот, или меѓу првиот и вториот квартал од 2025. Тоа значи дека нема да ги добијат процентите за усогласување, вели минстрката, затоа што ќе добијат многу повеќе.

„До крајот на 2025 ќе нема друга корекција. Потоа ќе видиме со каква методологија ќе продолжиме, дали на истиов начин или ќе ја менуваме методологијата. Ќе видиме. Дотогаш многу работи ќе бидат јасни“, посочува Димитриеска-Кочоска.

Владата одлучи линеарно да се зголемат пензиите за 5 000 денари

За актуелната состојба со пензиите, врз база на согледувањето на податоците од Министерството за финнсии, вели – недостасуваат пари.

„Еве што ми дадоа од Секторот за буџет – во Фондот за пензиско осигурување, во средства за исплата на пензии недостасуваат 2,5 милијарди денари. Значи, ништо да не се смени до овој момент, СДСМ и ДУИ имаа предвидено 2,5 милијарди денари помалку за пензии. Што значи тоа, ќе им ги кратеа пензиите или што ќе правеа? Значи, ќе требаше да ги дополнат. Тоа се 40 милиони евра“.

Укажува дека покрај тој изос што го нема, потребни се уште 40 милиони евра за да се исплатат по 2.500 денари на секој пензионер. Но тврди, за идната година нема да бидат потребни 320-330 милиони евра на годишна основа, за оваа намена.

„Пари ќе најдеме, тоа е сигурно. Но, нема да се толку пари. Годинава до март имавме пензии со една корекција. Од март до септември имаме втора корекција. Значи, и да не беа овие пет илјади денари, повторо ќе имавме некоја корекција. Не можеме да зборуваме за пет илјади денари како ништо да не се сменило, како да нема да се смени. Ние треба да ја видиме разликата помеѓу тоа што требале да го добијат и тоа што ние им го даваме. Треба да бидеме чесни. Ќе имаме зголемување, да, но не е толкаво“, потенцира министерката.

Димитриеска-Кочоска: МојДДВ останува со иста сума за поврат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот