Руи Патрисио и Спинацола нема да го носат дресот на Рома следната сезона

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Португалскиот чувар на мрежата, Руи Патрисио  и дефанзивецот Леонардо Спинацола преку социјалните мрежи потврдија дека си заминуваат од Рома.

Во овој момент не е познато каде Патрисио ќе ја продолжи кариерата, но тоа сигурно нема да биде во Рим. Најголемиот успех во епизодата во Рома за Патрисио беше освојувањето на трофејот во Конференциската лига, а во таа сезона тој беше еден од најважните во тимот на Мурињо кој тогаш ја предводеше Рома.

Дресот на Рома Португалецот го носеше од 2021 година, а претходно беше дел од Спортинг и Вулверхемптон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rui Patricio (@rpatricio1)

Спинацола дресот на Рома го носеше пет години и си заминува од клубот откако двете страни не успеаа да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката. Најавите во италијанските медиуми се дека Антонио Конте сака да го доведе во редовите на Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот