Големо невреме во Белград: Врнежите проследени со бурен ветер и грмежи го парализираа градот, делови останаа без струја

Силното невреме кое денеска во попладневните часови ја зафати Хрватска вечерва пристигна во Србија.

Невремето проследено со пороен дожд ги зафати прво Бачка Паланка, Батровци, Рума и Нови Сад, а потоа и Белград.

 

Силниот ветер проследен со пороен дожд предизвика прекин на струја во близина на Богословијата.

„Поради атмосферски празнења дошло до губење на електрична енергија на трафостаницата“, соопштуваат од српска Електродистрибуција.

Во пониските делови од градот сообраќајот се одвива отежнато поради водата на коловозот.

Социјалните мрежи се преполни со видеа и фотографии од последиците од временските услови.

Во Белград околу 23 часот повторно почна пороен дожд, проследен со грмежи, силен ветер и град во некои делови.

Град паѓа во Раковица, Врачар и Вождовац, а силен дожд во Нов Белград, во центарот на градот, Земун и некои други делови од градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот