Големо количество кокаин исплива на брегот на Германија

Северното море исфрли еден тон кокаин на германскиот остров Боркум, соопшти денеска Обвинителството во градот Аурих.

Турист во април на плажа пронашол голем број сомнителни вреќи врзани со појас за спасување и пријавил во полиција. Обвинителството во Аурих сега потврди дека во нив имало околу еден тон кокаин.

Тоа е најголемата количина на дрога што се појавила на брегот на Северното Море во провинцијата Долна Саксонија во изминатите години.

Сојузната полиција ја презеде истрагата.

Сè уште не е познато од каде се пакетите, зошто се пронајдени на плажата и дали има осомничени во случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот