Големите компании секогаш ја имаа поддршката на Владата во справувањето со енергетската криза, вели Ковачевски

Фото: Васка М.Младеновска

Во врска со реакцијата на Стопанската комора на Македонија дека Владата не и помогнала на големите компании и дека тие размислуваат да ја тужат државата и да бараат оштета, премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на РЕК Битола рече дека Владата со големо внимание ги следи сите сугестии што доаѓаат од Стопанската комора.

Владата цел период за време на енергетската криза одлично соработуваше со Стопанската комора и претседателот на комората непречено соработуваше за решавање на кризата и снабдување на компаниите со електрична енергија. Претседателот на комората беше редовно присутен на состаноците за решавање на кризата и на патувањето во државите каде што преговаравме за решавање на енергетската криза, вели Ковачевски.

Тој појасни дека обезбедиле непречно снабдување со електрична енергија на сите граѓани и домаќинства и редовно снабдување на целата индустрија на мали и средни претпријатија кои вработуваат 98 проценти од работниците.

Не дозволивме зголемување на електричната енергија за домаќинствата, односно за оние кои што се на регулираниот пазар, бидејќи имаме либерален пазар компании кои што беа на регулираниот пазар а се во делот на образовниот процес обезбедивме пониски од берзанските цени за да обезбедиме непречено одвивање на образовниот процес. Обезбедивме пониски цени за електричната енергија во болниците и здравствените установи и електрична енергија по 80 евра од мегават час за компании кои произведуваат основни прехранбени производи со цел да влијаеме за намалување на цената на основните прехранбени производи. Тоа е за компании кои не се дел од регулираниот пазар, додава премиерот.

Заклучи дека и во наредниот период ќе разговарааат со Стопанската комора за тоа што треба да се направи околу справувањето со енергетската криза за идната грејна сезона.

Компаниите кои работат на слободниот пазар во одредени периоди имаат зголемени цени но имаат во одредени периоди намалени цени. Обезбедивме либерализација на снабдувањето на големите компании со гас благодарение на поддршката на нашите стратешки партнери САД и ЕУ, Грција и Албанија за снабдување со јаглен и други суровини. А дали некои компании ќе ја тужат државата тоа е нивно право и за тоа конечниот збор ќе го дадат судските инстанци, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот