Големи приказни: Дали денес Југославија би била најголемата авангарда во ЕУ

На концертот на „Бијело дугме“ во Сплит се виде дека Југославија, ако случајно опстанеше, денес ќе беше најголемата авангарда во Европа!

Како и што беше неколкупати во историјата…

А тоа не е ни за некоја пофалба, особено за денешната ЕУ, предводена од Шолц, Макрон и Мелони, со непосакуваното дете Орбан и Урсула фон дер Лајен, како симбол на апаратот за кој никој не гласаше. Најголемата криза, всушност, е кризата на европската идеја, една од најголемите во модерната историја. Единствениот вистински симбол на Западот, заедно со сега веќе дамнешното создавање на Америка.

А каква врска Југославија има со тоа? Па, има. Прво, да опстанеше, ќе беше најголемата мултиетничка земја во ЕУ денес. Можеби затоа не го преживеа падот на Берлинскиот ѕид, кој требаше да донесе обединување, но донесе обединување на Германија. Европските земји се мултиетнички на хартија. Во реалноста, тие се национални држави, особено откако Британија замина, како класно, а не националистичко општество, како и некои балкански.

Идејата за отворање на границите станува најава за нови гранични ограничувања. Од ноември, со некои АТА-карнети (меѓународен царински документ – н.з.) за луѓето, особено за нас од пограничните територии.

Единствен пазар не постои, бидејќи едно шише вино од ЕУ, „Барола“ на пример, кога ќе влезе во Њујорк патува до Сиетл, додека од Тоскана, кога оди во скандинавските земји, има акциза на секоја територија низ која поминува.

Сето ова е напишано во новиот извештај на Марио Драги, поранешен шеф на Европската централна банка, спасителот на Италија во кризата со корона и еден од најголемите светски економисти, кој минатата недела го претстави извештајот „Конкурентност на ЕУ: Гледајќи напред “, нарачан од Урсула фон дер Лајен.

Чудно е што сè пишува таму. Не постои ниту една европска компанија што е создадена во последните 50 години која вреди 100 милијарди, додека во исто време се создадени шест најголеми светски (и американски) компании што вредат повеќе од билион долари: „Епл“ 3,2 милијарди, „Микрософт“ 3,2 милијарди, „Нвидиа“ 2,8 милијарди, „Алфабет“ (Гугл) 1,9 милијарди, „Амазон“ 1,9 милијарди и „Мета“ (Фејсбук) 1,3 милијарди. Со децимали: 15 билиони.

Само будала би можела да изгради една таква земја, а само стопати поголема будала би можела да ја растури (цитирајќи се себеси)

 

Драги даде јасни предлози – инвестиција од 800 милијарди годишно (со издавање еврообврзници) – околу 4,5 отсто од БДП на ЕУ, или трипати повеќе од поранешниот Маршалов план, кој беше еден до два отсто во повоениот период, со цел да се врати нивото на инвестиции во ЕУ до она од шеесеттите и седумдесеттите.

Во спротивно, Европа оди во „лесна агонија“.

Тој додава: Во политиката нема предвидувања. И ова е политички проблем, а не економски, иако сите земји во светот, од либерални до диктаторски, се однесуваат како да се корпорации. Тој тврди дека заостанувањето зад САД и Кина претставува „егзистенцијален предизвик за ЕУ“. Значи, крајот.

„Дојдовме до точка каде што, без акција, ќе мора да ја загрозиме нашата благосостојба, нашата животна средина или нашата слобода.

И без да ви кажам повеќе, најилустративен пример е одлуката на Европската комисија во 2019 година да го блокира спојувањето на производителите на возови „Сименс“ и „Алстом“, што доведе до тоа Кинезите денес да извезуваат возови во ЕУ.

Кога сето тоа ќе го наредите, заедно со мигрантската криза, едноставните работи во животот: градинка да е над 1.000 евра ако не сте на социјална помош, а денешните баби и дедовци сакаат да живеат сами, не е ни чудо што дојде до конфузија на европската идеја; зајакната во земји што би сакале да се приклучат (ако би сакале) како нашата. На митинзите на српските граѓани се слушаат пароли против ЕУ, напад на ЕУ дури и против Рио Тинто, кој е австралиско-американско-британско-кинески конгломерат…

А потоа Шолц и Макрон во Белград кај Вучиќ.

„Три билети за Брисел“, тоа би можело да биде филм на Горан Марковиќ, ако некој би му дозволил да снима филмови, макар и со кирилични титлови, на кои сè уште не се сетил новиот министер за култура.

Но, да ѝ се вратам на Југославија. Во месецот, а ги има сè повеќе такви, на кои најголемата југословенска група имаше концерт во Сплит, на кој никој не ги исвирка, Будо Лончар почина на 101 година, на море, како што само може да се посака, една друга жена од Сплит, Северина, приведена е во Батровци на сослушување за Сребреница, а актерот Сергеј Трифуновиќ дури е уапсен и одведен „во непознат правец“, како што рече неговата сопруга поради објава на Инстаграм (?!), ни недостига Тито кој барем искрено напиша што може, а што не може да се пее во кафеана.

И Србија и Хрватска воведуваат воен рок, што е можно само во егалитарните режими, каде што и Никола Јокиќ и Лука Модриќ би морале да одат во касарната, а не со новите елити што не одговараат ниту за сообраќајни несреќи.

На натпреварот за Дражен во Загреб, Србите ја извлекоа ситуацијата, повторно Дивац доби аплаузи кај југословенскиот тим, кој беше ѕвезда на вечерта, а кога го доби микрофонот, се слушнаа неколку свирежи, па тоа е салата Цибона. Мајката на Дражен раскажа дека во контрафактната историја и тој размислувал дали нашиот дрим-тим ќе го добиеше американскиот, а Дуда Ивковиќ мене и на Вељко Миладиновиќ во неговата куќа ни кажа дека мисли дека можеме да ги победиме.

На овие простори спортот отсекогаш бил авангарда, но денес и таа имагинарна земја со Вучиќ и Пленковиќ би била иста во Европската Унија. И тоа кажува многу за двата проекта, еден мртов, а еден оди „чекор по чекор“ во таа насока, како што вели Марио Драги.

И тоа веќе не е носталгија, која ја имаат сите, а која е поврзана со годините на формирање, велат луѓето, од првото Светско првенство во фудбал што го гледаше, па следните 12 години. За генерациите родени во земјава чии пасоши одамна ги немаат, а ги апсат на премини, како Сергеј или Северина, кога ќе тргнат по некогашниот автопат на братството и единството, тоа мора да биде болно искуство.

Одамна напишав една реченица, која ја цитира само Вук Драшковиќ, цитирајќи ме мене како изворот: само будала можеше да изгради една таква земја, и стопати поголема будала да ја уништи.

Зарем тоа не се потврдува секој ден?

Денес Југославија многумина ја консумираат како Арапите алкохол, тајно. Тоа се гледа на сите тие концерти, филмови, серии. Тоа е единствен културен простор. Јазик. Економија, бидејќи „Горење“ пропадна кога мислеше да им продава фрижидери на понапредните Германци. Парадоксално, тоа најдобро го користи мафијата.

И еве сега ние во „Големите приказни“…

Наша работа.

(Подготви Иван Беќковиќ)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот