Голема тепачка попладнево меѓу ученици од ГУЦ и „Карев“, еден ученик е повреден

Фото: Википедиа

Физичка пресметка меѓу две групи средношколци, за кои неофицијалните информации се дека се од скопските средни училишта „Никола Карев“ и ГУЦ „Здравко Цветковски“, се случила попладнево во близина на гимназијата, при што 17-годишен ученик од „Никола Карев“ е повреден и наставниците го пренеле во блиската болница „8 септември“ за да му биде укажана помош, пишува МКД.мк.

Инцидентот меѓу средношколци во населбата Карпош 3 силно ги вознемирил учениците, родителите и наставниците. Била повикана полицијата, која и вечерва е засилено распоредена во реонот, пишува порталот.

Од МВР потврдуваат дека полицијата добила пријава за случајот, за кој велат дека „17-годишник бил физички нападнат од неколку малолетници“, како и дека работат на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот