Голема тепачка меѓу две семејства во Прилеп

Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Кривична пријава добиле неколкумина членови на семејство од Прилеп, поради тоа што отишле во куќата на друго семејство и предизвикале тепачка, соопшти МВР.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.А.(24), Е.А.(48), Џ.А.(34), З.А.(41), А.М.(28) и Ш.А.(74) сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 18.08.2024 во домот на К.Ф. поради претходна меѓусебна расправија, пријавените почнале да му упатуваат закани, а во расправијата се вмешале братот на К.Ф., А.Ф. и нивната сестра Ш.Ф., со намера да ја смират состојбата, но пријавените физички ги нападнале К.Ф., А.Ф. и Ш.Ф., а употребени биле и тврди предмети“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот