Голема полициска акција за време на музички фестивал во Мостар, уапсени над дваесет дилери

Полиција во Мостар/ Фото: ЕПА

Полицијата во Мостар уапси 24 лица поради нереди и приведе уште 18 други поради употреба на дрога во големата акција што се одржа за време на неколку музички настани во градот на Неретва минатиот викенд.

По собирањето информации дека лица од нарко круговите ќе присуствуваат на повеќе настани, службениците на криминалистичката полиција на жупанискиот МУП, со седиште во Мостар, со поддршка на нивните колеги од округот со седиште во Широки Бријег, спроведоа повеќедневна акција.

Во таа прилика се уапсени 24 лица поврзани со дистрибуција на дрога, од кои тројца се сослушани како осомничени. Станува збор за еден Хрват и двајца државјани на Босна и Херцеговина. Полицијата им запленила одредена количина на повеќе видови наркотици.

Полицијата сослушала и 18 лица осомничени за консумирање наркотици на музичките настани минатиот викенд во Мостар. Меѓу нив има по еден хрватски и германски државјанин и 16 државјани на БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот