Голем шумски пожар на планина во северниот дел на областа Атика

Кусо пред 15 часот избувна голем шумски пожар на планината Парнита во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, интервенираат противпожарни сили од копно и воздух, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето, додека пак, иако пожарот е во планински дел, сепак од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на околните населени места да бидат во состојба на готовност за евентуална евакуација.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватрахојанис попладнево информираше дека од воздух во справувањето со огнените јазици интервенираат четири авиони и осум хеликоптери, а над 100 пожарникари и 30 возила од областите Тесалија, Епир и северниот дел на Грција се упатуваат кон планината за да помогнат.

– Во областа на пожарот брзината на ветерот достигнува до 50 километри, а јачината надминува 100 километри на час. Овие услови, но и фактот што во областа има столбови со висок напон го отежнуваат работењето на воздушните средства. Поради оваа причина главно интервенираат хеликоптерите, рече Ватрахојанис.

Во гаснењето помагаат волонтери, цистерни и камиони од периферијата Атика и војската.

Планината Парнита беше зафатена од големи пожари лани во август, како и во текот на летото во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот