Голем пожар близу Атина, се евакуираат жители од околните населени места

Пожар во Атина/ Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

На две различни локации во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, попладнево се активни два големи пожари во кои интервенираат противпожарни сили од копно и воздух, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на околните населени места да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина.

Едниот пожар е во областа Кератеа, каде што се активни четири различни жаришта, а огнените јазици се во делови што не се густо населени, меѓутоа пожарот зафати неколку куќи, додека, пак, со помош на полицијата околу 50 граѓани беа пренесени на безбедни локации.

Паралелно со овој, избувна и друг пожар во населбата Стамата, што исто така е во источниот дел на областа Атика и каде што имаше превентивни евакуации на населението.

И во двата пожари силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот