Годишнината од нападот на Хамас во Израел, 7-ми октомври прогласен за ден на пост и молитва за мир

Демонстрантите се собираат против владата и за да покажат поддршка за заложниците кои беа киднапирани за време на смртоносниот напад на 7 октомври, среде тековниот конфликт во Газа меѓу Израел и Хамас, во Тел Авив, Израел на 1 септември, 2024. REUTERS/Флорион Гога

На годишнината од денот кога палестинската група Хамас изврши напад во Израел – 7 октомври ќе биде ќе се одбележи „христијански ден на пост и молитва за мир“, изјави папата Франциск на неговата генерална аудиенција.

Тој додаде дека претходно во недела ќе ја каже молитвата „Света Бројаница“ на Богородица.

Со цел да ја повикам Богородица да даде мир, следната недела ќе одам во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што ќе ја кажам молитвата Света Бројаница и ќе упатам срдечна молба до Светата Дева. Ако е можно, ве молам и вас, членовите на Синодот, да ми се придружите во оваа прилика.

А, следниот ден, 7 октомври, ве молам сите да поминат низ ден на пост и молитва за мир во светот“, рече 87-годишниот папа на крајот од својата денешна проповед, која ја одржа на плоштадот Свети Петар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот