Го уценувале семејството на Шумахер, сега им се заканува казна затвор од 15 години

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Германското обвинителство отвори обвинение против три лица кои наводно се обиделе да го уценат семејството на легендарниот Михаел Шумахер, пренесува „Л’Eкип“.

Главниот осомничен е 53-годишен маж од германскиот град Вуперт кој со своите соработници е обвинет за изнуда на 15 милиони евра. Тие се заканиле дека ќе објават информации и фотографии од славниот возач кои семејството не сака да излезат во јавноста.

Во материјалот имало фотографии од пред и по несреќата на скијањето во 2013 година во која Шумахер се здоби со оштетувања на мозокот и оттогаш за неговата состојба малку се знае.

Медиумите пренесуваат дека фотографиите ги направил друг маж кој до 2021 година работел како обезбедување на семејството на Шумахер, наводно тој ги продал фотографиите на сега обвинетиот во случајот.

Во целиот случај е вклучен и синот на обвинениот 53-годишник, кој креирал имејл адреса од која се испраќале уценувачките материјали до семејството. Семејството на Шумахер веднаш ја контактирало полициајта во Швајцарија, а швајцарските истражители ја испратиле информацијата до колегите од Германија од каде што го следеле бројот кој ги направил контактите.

На главните осомничени, таткото и синот им се заканува казна затвор од 15 години, иако се споменува и дека може да биде помала зошто заканите не ги реализирале. Со казна затвор се заканува и лицето кое ги обезбедило материјалите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот