Го разрешија медицинскиот директор на Токсикологија доктор Данил Петровски, а економската директорка Бесија Иљази – не

Бесија Иљази / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Министерот за здравство Илир Демири го разрешил директорот на Клиниката за токсикологија доктор Данил Петровски, а економската директорка Бесија Иљази ја оставил на позицијата, потврди за „Слободен печат“ Петровски.

-Минатата ноќ бев на дежурство и во 2 часот по полноќ дојде да ме провери еден новинар зошто сум бил на работа кога сум зел одмор. Меѓутоа, јас за потребите на клиниката имам законско право да дојдам на работа на дежурство, дури и ако сум на одмор, бидејќи нема доволно доктори, изјави доктор Петровски за „Слободен печат“.

Бесија Иљази ја остави Клиниката за токсикологија без биолог и без осигурување (имаше хаварија поради поплава од пукната парно цевка) поради што токсиколошката лабораторија работи незаконски, само со еден лаборант, но тоа не беше причина да биде разрешена. Оваа состојба не е ни констатирана од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Неодамна професори од Клиниката одржаа прес-конференција на која професор доктор Нико Беќаровски истакна дека Иљази врши притисок заедно со потребните кадри неопходни за функционирањето на Клиниката, меѓу кои е и биологот за токсиколошката лабораторија – да бидат продолжени и договорите на дело за уште петнаесетина лица од кои клиниката нема потреба. Едниот од нив, барал урина со дрога да се замени за чиста, ама бил одбиен за „услугата“.

ВИДЕО | Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста, ама „услугата“ не му била завршена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот