Го фатила трема: Хоакин Феникс се откажал од улогата неколку дена пред почетокот на снимањето на романтичен геј филм

Хоакин Феникс / Фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Оскаровецот Хоакин Феникс се откажал од улогата во романтичен геј филм само неколку дена пред почетокот на неговото снимање.

Како што објави „Вараети“, станува збор за ненасловен филм за геј љубов во режија на Тод Хејнс, а снимањето требало да започне наскоро во Мексико.

Хоакин Феникс го развил сценариото за оваа детективска љубовна приказна во соработка со Хејнс и Џон Рејмонд, а извор близок до продукцијата открил дека актерот го „фатила трема“.

Со оглед на тоа што снимањето само што започнува, сетовите веќе беа подготвени во Гвадалахара. Медиумите велат дека продукцијата на филмот зависела од Феникс, а сега целиот проект е во опасност поради неговата одлука да не глуми во него.

„Вараети“ пренесува дека нивните извори тврдат дека никој друг не може да ја преземе улогата на Феникс. Филмската екипа сега е без работа и сè уште треба да добие плата. Загубите би можеле да надминат седум цифри.

Не беа откриени премногу детали за филмот, но во интервју за „Вараети“ во 2023 година, режисерот Хејнс го најави проектот како љубовна приказна меѓу двајца мажи, која се одвива во 1930 година и има „експлицитна сексуална содржина“.

Дени Рамирез, кој играше во филмот „Топ Ган: Маверик“, ја доби улогата на партнер на ликот кој го игра Хоакин Феникс.

Останува да се види дали по заминувањето на познатиот актер, филмот воопшто ќе се снима.

ФОТО | Неверојатна хемија помеѓу Хоакин Феникс и Лејди Гага: Нови фотографии од сетот на „Џокер“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот