Глобалното затоплување ги удвои шансите за екстремни дождови во Европа

Поплави во Чешка/ Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Климатските промени кои беа видливи преку екстремно високите температури во текот на летните месеци доведоа до катастрофални поплави во Европа овој месец.

Истражувачите велат дека загадувањето или глобалното затоплување ги удвои шансите за екстремни врнежи што ја погодија централна Европа во септември.

Доколку луѓето, и покрај предупредувањата во изминатите неколку години, не продолжија да ја загреваат планетата, количината на вода што паднала на Стариот континент ќе беше половина поголема, утврди Светската метеоролошка организација.

„Трендот е јасен“, вели Богдан Којнички, климатски научник од Универзитетот за природни науки во Познан. „Ако луѓето продолжат да ја полнат атмосферата со емисии на фосилни горива, ситуацијата ќе биде уште потешка“, вели тој, пренесува Гардијан.

Невремето „Борис“ донесе рекордни количества врнежи во централна Европа во средината на септември, особено во Австрија, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Словачка. Обилните дождови ги претворија мирните потоци во диви реки, кои подоцна сочинуваат поплави кои пак понатаму уништуваат куќи и носат жртви.

Истражувачите велат дека, сепак, преземените мерки за негово спречување го намалиле бројот на жртви во споредба со сличните поплави што го погодија регионот во 1997 и 2002 година. Тие повикаа на подобра одбрана од поплави, системи за предупредување и планови за одговор при катастрофи и предупредија да не се продолжи со обновата во регионите кои подложни на поплави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот