Гледачите воочија детали: Селена Гомез е инспирација за контроверзната „The Idol“?

Селена Гомез и Д Викенд / Д Викенд и Лили Роуз Деп
Селена Гомез и Д Викенд / Д Викенд и Лили Роуз Деп во „The Idol“ / Фото: Profimedia

„The Idol“, новата серија на „Ејџ-би-о“, е главна тема на социјалните медиуми поради нејзината контроверзност.

Приказната ја следи младата поп-ѕвезда Џоселин (Лили Роуз Деп) и нејзиното враќање на музичката сцена по доживеаниот нервен слом. Среде обидот да ја обнови својата кариера, таа започнува сложена романтична врска со Тедрос (Д Викенд) – гуру за самопомош и водач на современ култ.

Д Викенд и Лили Роуз Деп во „The Idol“ / Фото: LANDMARK MEDIA / Alamy / Alamy / Profimedia

Уште од емитувањето на првата епизода, која беше прикажана на 4 јуни годинава, гледачите воочија чудни сличности меѓу ликот Џоселин и пејачката и актерка Селена Гомез.

Имено, ликот Џоселин се обидува да го напушти идентитетот „детска ѕвезда“, бидејќи ја започнала својата кариера уште во детските денови, па многумина ја доживуваат така и ден-денес. Оние кои ја следат Селена Гомез, знаат дека таа почна да глуми во детски филмови и телевизиски серии уште на десетгодишна возраст.

Џоселин постојано нагласува дека ја фрустирира тоа што нејзините детски ангажмани ја засенуваат нејзината актуелна музичка кариера.

„Сакам да имам кариера која ќе трае, која нема да биде е*ена шега“, му вели Џоселин на ликот Тедрос во есна сцена.

Во една прилика, и Гомез даде слична изјава за реномираното модно списание „Вог“.

„Тешко е да се занимаваш со музика кога луѓето не те сфаќаат сериозно“, изјави Гомез.

Селена Гомез во 2007 година / Фото: Michael Germana / Everett / Profimedia

Друга сличност е дека ликот Џоселин ја откажува својата концертна турнеја поради проблеми со менталното здравје. И Селена Гомез ја откажа нејзината турнеја „Revival“ во 2016 година бидејќи се соочуваше со депресија и лупус.

Исто така, многумина забележаа дека песните, кои ги пее Џоселин во серијата, стилски многу потсетуваат на оние кои Гомез ги пее во вистинскиот живот.

Иако, официјално, не е потврдено дека серијата е базирана врз животната приказна на Селена Гомез, голем број корисници на социјалните медиуми сметаат дека Д Викенд, кој е поранешен партнер на Гомез и продуцент на серијата, се инспирирал токму од неа во процесот на создавање на „The Idol“.

Селена Гомез и Д Викенд на Мет Гала во 2017 година / Фото: AKM Images / Backgrid USA / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот