Главниот штаб на НАТО за Северна Европа ќе биде во Финска, на границата со Русија

Знамиња на Финска и НАТО/ Фото designer491 / Alamy / Alamy / Profimedia

Главниот штаб на копнените сили на Северноатлантската алијанса во земјите од Северна Европа ќе биде распореден во градот Микели, на околу 140 километри од границата со Русија, изјави на брифингот финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.

„Ќе предложиме седиштето на копнените сили на НАТО да биде во Микели“, најави Хаканен.

Главниот штаб на финските копнени сили веќе се наоѓа во Микели. Претходно беше најавено дека во мирно време штабот ќе планира и спроведува обука на НАТО во регионот. Формираната организација, таканаречениот штаб на висока подготвеност, ќе работи 24 часа и ќе биде подреден на главниот штаб во Норфолк на источниот брег на Соединетите Американски Држави.

Претходно финската РТВ „Yle“ ги обелодени имињата на градовите во кои се планира да биде седиштето на НАТО. Едниот ќе биде на северот на земјата, а другиот на југот, на границата со Русија, во градот Микели.

Претходно портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека Русија бележи зголемување на воената активност на Финска по нејзиниот влез во НАТО. Захарова истакна дека сегашната политика на финските власти е ориентирана кон политиката на „колективниот Запад“, како и нанесување „стратешки пораз“ на Русија. Финска стана 31-ва членка на НАТО во април 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот