Ѓорѓиевски сака да биде градоначалник на Скопје: Уверен сум дека ќе ја добијам поддршката

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на ТВ „Сител“ ги потврди своите амбиции за кандидатура за прв човек на Град Скопје на локалните избори идната година.

Тој рече дека во изминатите три години покажал како со успешен менаџмент, од општина која била на маргините со милионски долгови, „можело суштински да се решаваат проблемите од сите области и напредокот да е видлив и почувствуван од сите жители“.

-Покажавме како заедно со тимска работа, со вклучување на сите советнички групи може да се оправда довербата. Верувам дека мојата партија ќе спроведе низа анкети, а исто така длабоко верувам во граѓаните на Скопје и во мојот народ и убеден сум дека ќе добијам поддршка за кандидатура за прв човек на Град Скопје, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека во рамки на ЗЕЛС се изработуваат предлог-законски измени за одземање на ингерeнции на локална самоуправа, како и за предвремено прекинување на функцијата градоначалник, кои би ги штителе сите граѓани од евентуално неажурно работење на било кој актуелен или иден градоначалник од било која општина вклучувајќи го и Градот Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот