Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и бендот „Дет соу“ на Видовден, гости на 69-то Културно лето на општина Кисела вода

Фото: Промо

Ѓорѓе Давид и Ивана Петерс со бендот „Death Saw“ вечерва во рамките на 69-тото Културно лето на општина Кисела вода кое трае од 26 јуни до 29 јуни, од 20:30 часот ќе настапуваат пред Културниот дом на општината.

Во настапот ќе им се придрижат од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ – победничката од минатата сезона Славица Ангелова, второпласираниот Александар Јосифовски, овогодинешната третопласирана Андријана Петрушевска и Омер Џаферовси тие сите беа дел од тимот и менторство под Ѓорѓе Давид.

Оваа вечер граѓаните на општината и сите останати се добредојдени да уживаат во одлична забава, а по нивниот настап, ќе настапи популарната Бресквица, одличен спој на генерации во музиката на сцената, која ќе биде уживање за сите генерации.

(Комерцијална објава)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот