Ѓорческа поразена во полуфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Македонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа нема да се бори за трофејот на фјучерс турнирот В75 во Куршумлиска Бања бидејќи во полуфиналето беше поразена од домашната натпреварувачка Лола Радивојевиќ со 2:1.

Ѓорческа го загуби мечот по борба од нешто повеќе од два часа, а во првиот сет по изедначената игра гледавме тајбрејк кој Радивојевиќ го доби со 7:2.

Успеа да се врати Ѓорческа и во вториот сет со 6:3 израмни на 1:1. Сепак, во третиот сет македонската тенисерка беше целосно немоќна и не освои ниту еден гем, па со 6:0 Радивојевиќ дојде до конечен триумф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот