Ѓорческа го закажа следниот предизвик, ќе игра на турнир во Братислава

Фото: mtftennis.mk

Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа го закажа следниот настап на фјучерс турнирите во ВТА категоријата.

Ѓорческа сега се пријави за настап на турнирот В75 турнирот во Братислава. Станува збор за турнир кој се игра за парична награда од 60.000 долари и тоа во период 7 до 13 октомври.

Претходно беше најавено дека македонската тенисерка ќе игра во Хрватска, меѓутоа направи промена.

Според ранкигот како 234. Тенисерка на ВТА листата Ѓорческа на турнирот ќе настапи како 17-та носителка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот