Ѓоковиќ загуби сет, но се пласираше во третото коло на Вимблдон

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Вимблдон, откако денеска во второто коло го совлада Британецот Џејкоб Фирнли со 6:3, 6:4, 5:7, 7:5.

Мечот траеше три часа и две минути. Ѓоковиќ е вториот тенисер во светот, додека Фирнли е 277 играч на АТП листата.

Ѓоковиќ влезе безбедно во мечот и лесно го доби првиот гем на свој сервис. Британецот возврати, а потоа се играше гем по гем до резултат 4:3 за српскиот тенисер.

Ноле направи брејк во осмиот гем, а потоа стигна до 6:3 и 1:0 во сетови на свој сервис. Еден брејк видовме во вториот сет. Ѓоковиќ искористи брејк топка во седмиот гем за да го освои сетот.

Вториот тенисер во светот направи брејк во петтиот гем од третиот сет. Британецот го врати брејкот во следниот гем и израмни на 3:3. Фирнли потоа направи уште еден брејк што му беше доволно да намали на 2:1 во сетови.

Британецот имаше две брејк топки во четвртиот сет при 3:2, но Ѓоковиќ успеа да го спаси својот сервис. Српскиот тенисер направи брејк во 11 гем за победа.

Австралискиот тенисер Алексеј Попирин е ривал на Ѓоковиќ во третото коло на Вимблдон. Попирин по голема борба и пресврт го совлада Аргентинецот Томаш Мартин Ечевери со резултат 3:2 (3:6, 6:4, 4:6, 6:4, 6:3) по три часа и 59 минути игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот