Ѓоковиќ убедливо до второто коло на „Вимблдон“

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Какво враќање на Новак Ѓоковиќ на теренот по неполн месец од операцијата на коленото. Најдобриот српски тенисер и втор носител со победа го започна учеството на 137 Вимблдон. Во средбата од првото коло со максимален резултат го совлада квалификантот Вит Коприва (Чешка, АТП #123), во сетови 6:1, 6:2, 6:2.

Мечот траеше само еден час и 59 минути.

Во денешниот меч играт на Ѓоковиќ функционираше беспрекорно. Со два брејка во сите три сета, без ниту една брејк шанса за Чехот, бранителот на минатогодишното финале на најдобар можен начин го започна својот 19 настап на Вимблдон и походот кон 25. Грен слем титула.

Статистика на Ѓоковиќ: ас поени (10-4), двојни сервис грешки (2-5), директни поени (32-25), неизнудени грешки (16-30), број на освоени поени (98-56).

Седумкратниот шампион во второто коло на Вимблдон ќе игра против победникот од дуелот меѓу Џејкоб Фирнли (Велика Британија) и Алехандро Моро Канас (Шпанија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот