Ѓоковиќ по поразот во финалето на Вимблдон донесе одлука која ќе ги израдува фановите

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од турнирот во Синсинати, потврдија денеска организаторите.

Ѓоковиќ во минатото издание на турнирот во финалето беше подобар од Карлос Алкараз за кого исто така е потврдено дека ќе биде учесник. Тука е и Италијанецот Јаник Синер кој игра во одлична форма.

Покрај најголемите фаворити во Синсинати ќе ги видиме уште: Данил Медведев, Григор Димитров, Александар Зверев, Хуберт ХуркачРафаел Надал кој се мачи со повредите во неговата последна сезона во кариерата најверојатно нема да настапи.

Турнирот во Синсинати е закажан за во периодот од 12 до 19 август. Претходно Ѓоковиќ ќе ги брани боите на Србија на Олимписките игри во Париз. Исто така на програмата пред турнирот во Синсинати е и мастерсот во Канада, но засега не е познато дали Ѓоковиќ ќе учествува на тој турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот