Ѓоковиќ на местото на успехот за израмнување со Федерер по бројот на титули на „Вимблдон“

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска го започнува настапот на грен слем турнирот „Вимблдон“, а ривал му е Чехот Вит Коприва.

Вториот меч Ѓоковиќ ќе го одигра на централниот терен, по дуелот меѓу Маркета Вондроушова од Чешка и шпанската тенисерка Џесика Бузас Манеиро, а мечот Ѓоковиќ – Коприва нема да започне пред 16.30 часот.

Еден месец по повредата и операцијата на менискусот и експресното опоравување, Ноле ќе го одигра првиот официјален меч.

Ова ќе биде негов 19. настап на Грен слем турнирот во Лондон, каде што ќе ја започне својата потрага по 25. Грен слем титула, а ќе му требаат четири триумфи (92) за да го урне рекордот на Рожер Федерер по бројот на победи на Вимблдон.

Српскиот тенисер има освоено вкупно седум титули на лондонската трева, а една повеќе има Швајцарецот Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот