Ѓоковиќ го крена „Вимблдон“ на нозе: Да беше некој друг турнир во светот, немаше да ризикувам

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на „Вимблдон“, откако во првото коло го совлада Вито Коприва со 6:1, 6:2, 6:2.

Ова беше прв меч за Ѓоковиќ по операцијата на коленото. Србинот призна дека немаше да ризикува да беше некој друг турнир, но Вимблдон не можеше да се прескокне.

– Се чувствував одлично, „Вимблдон“ годинава дојде под различни околности. Сè беше на теренот за да дознам. Не одиграв ниту еден официјален меч, задоволен сум како се чувствував и одиграв, ви благодарам на сите што ме поддржавте. Се обидов да се фокусирам на играта, да не мислам на коленото, сè што можев да направам во подготовките за турнирот за да си дадам шанса да бидам тука пред вас, направив. Да беше некој друг турнир во светот, веројатно не би ризикувал, но ова е „Вимблдон“ и многу го сакам – изјави Ѓоковиќ.

Тој истакнува дека не е поборник на операции, туку:

– Заедно дојдовме до заклучок дека треба да се обидеме да го доведеме моето тело во позиција за игра. Голема благодарност до мојот хирург кој заврши одлична работа. Имав само една операција пред тоа, на лактот, секогаш избегнувам операции, но во споредба со другите 37-годишници имав среќа да играм на толку високо ниво сите овие години. Немав многу повреди во кариерата – рече српскиот тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот