„Ги тепа обожавателите и го плаќаат како да е Чола“: Откриено е колку заработува контроверзниот Десингерица

Фото: Инстаграм/Десингерица

Контроверзниот српски музичар Драгомир Деспиќ, познат како Десингерица, сè почесто ги шокира слушателите низ целиот регион со своите настапи.

По постигнатиот успех на популарната платформа Јутјуб, каде често стигнуваше до регионалниот „трендинг“, тој почна да го привлекува вниманието на медиумите со своето невообичаено однесување на своите концерти – удирајќи ги слушателите по глава со патики, плукајќи им во уста на девојките во првите редови и сл.

Колку и да е провокативен, тој има навистина голема база на обожаватели, а концертниот распоред за летово му е полн.

@fiuman.hr #opatija #desingerica ♬ original sound – Fiuman.hr


Во изјава за српскиот медиум „Еспресо“, близок извор до пејачот ја откри сумата која ја заработува тој.

„Како што слушнав од неговите пријатели, сега хонорарот му е некаде помеѓу 10 илјади и 15 илјади евра. Тоа се многу пари. Тој е полн до крајот на годината, летната сезона му е најсилна. На почетокот земаше 500 евра, а сега заработува како да е Чола“, изјави изворот, повикувајќи се на Здравко Чолиќ, еден од музичарите кои заработуваат најмногу на Балканот.

Извор близок до Десингерица тврди дека раперот зема огромни пари по настап и дека користи „плејбек“.

„Но, се започна со таа патика и удирањето. Тогаш сопствениците на клубовите почнаа ненормално често да го канат на настап бидејќи видоа дека лесно може да го наполни клубот“, рекол изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот