Германскиот голман Волф со рекорден трансфер за ракометот се врати во Кил

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Репрезентативецот на Германија, Андреас Волф, повторно ќе брани во Бундеслигата откако направи историски трансфер од Киелце во Кил.

За Волф ова е враќање во клубот каде што настапуваше три години од 2016 до 2019 година.

Полскиот тим за Волф доби оштета од 1.6 милиони евра и таа е најголема досега во европскиот ракомет. Исто така, имаат можност да инкасираат уште 400.000 евра во следните две сезони преку одредени бонуси.

Волф ќе заработува 500.000 евра годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот