Германија смета на повеќе депортации во Турција

Германија и Турција постигнаа нови договори за депортации. Договорите се однесуваат на турски државјани чии барања за азил биле одбиени од германските власти.

Берлин сега очекува исполнување на договорите, пренесува ДПА.

Германската влада е во постојан дијалог со Турција за миграциските прашања – „исто така и на полето на соработка за враќање луѓе“, рече портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од петокот, Германија, наводно, веќе почнала да ги депортира турските државјани кои треба да ја напуштат земјата.

За почеток, во Турција ќе се вратат вкупно 200 лица.

Мнозинството баратели на азил од Турција во Германија се Курди, соопшти организацијата за помош на бегалците „Pro Asyl“.

Сепак, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отфрли медиумските извештаи за масовни депортации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот